Македонска Заедница Обединето Кралство
MK Zaednica logo
Македонска Заедница Обединето Кралство
Донација за социјално загрозени семејства во Македонија
17ти Април 2020
Почитувани Македонци и пријатели на Македонија,

Ситуацијата со корона вирусот не натера да направиме апел за донација за помош на социјално загрозени семејства во Македонија.
Знаеме дека оваа пандемија ќе остави постојан белег врз секојдневието на многу луѓе, дали е тоа здравствено, материјално или финансиско, но сакаме да помогнеме на категорија на социјално загрозени фамилии кои во оваа пандемија се потполно заборавени од општеството и без никаква егзистенција, а рестрикцијата за движење уште повеќе ги загрозува нивните животи.
Нашата цел е да се идентификуваат најкритичните социјално загрозени фамилии во овој момент (каде и Вие можете да се приклучите со предлог), и да им се помогне директно со набавка на основни прехранбени продукти за егзистенција и да се достави до нивните домови.
Знаеме ова не е долгорочно решение, но само минимум што може да го направиме во оваа кризна ситуација и да помогнеме кој колку може.
Исто така Велигденските празници нема да бидат како вообичаено, па апелираме да ја покажеме нашата хуманост и добродушност да помогнеме таму каде што е најпотребно.
Во името на Македонската Заедница во Обединетото Кралство Ви благодариме за било каква донација и помош и Вие ќе бидете известени за секој чекор на оваа акција на оваа вебстрана.
Каде и колку е донирано видете подолу
Вкупно се собраа 1,500 фунти од кои 300 фунти се донираа на Оливер Петровски за црквата Св. Спас Скопје и
1,200 фунти за Црвен Крст Св. Николе, кои направија 120 пакети и ги испратија во 12 градови низ Македонија
Црквата Св Спас Скопје
Продукти 1
Свети Спас купени продукти
Продукти 2
Црвен Крст Свети Николе (120 пакети во 12 градови)
Поделено 120 пакети и тоа
Свети Николе- 7
Пробиштип -10
Кратово-10
Велес-10
Неготино-10
Кавадарци-10
Штип -10
Кочани -13
Делчево -10
Мак. Каменица- 10
Виница -10
Радовиш-10
Kupena roba 900
Gotovi paketi 3
Sostav na paketot
Донации ЦК
Kavadarci
Донација 3 v1
Donacija 5
Donacija 4 v2
Donacija 6 v2
Donacija 7 v2
Donacija 8 v2
Донација 2
Sostav vo eden paket
Veles dostava 2
Донација 1
Veles dostava 1