


Почитувани Македонци и пријатели на Македонија,
Ситуацијата со корона вирусот не натера да направиме апел за донација за помош на социјално загрозени семејства во Македонија.
Знаеме дека оваа пандемија ќе остави постојан белег врз секојдневието на многу луѓе, дали е тоа здравствено, материјално или финансиско, но сакаме да помогнеме на категорија на социјално загрозени фамилии кои во оваа пандемија се потполно заборавени од општеството и без никаква егзистенција, а рестрикцијата за движење уште повеќе ги загрозува нивните животи.
Нашата цел е да се идентификуваат најкритичните социјално загрозени фамилии во овој момент (каде и Вие можете да се приклучите со предлог), и да им се помогне директно со набавка на основни прехранбени продукти за егзистенција и да се достави до нивните домови.
Знаеме ова не е долгорочно решение, но само минимум што може да го направиме во оваа кризна ситуација и да помогнеме кој колку може.
Исто така Велигденските празници нема да бидат како вообичаено, па апелираме да ја покажеме нашата хуманост и добродушност да помогнеме таму каде што е најпотребно.
Во името на Македонската Заедница во Обединетото Кралство Ви благодариме за било каква донација и помош и Вие ќе бидете известени за секој чекор на оваа акција на оваа вебстрана.
1,200 фунти за Црвен Крст Св. Николе, кои направија 120 пакети и ги испратија во 12 градови низ Македонија




Свети Николе- 7
Пробиштип -10
Кратово-10
Велес-10
Неготино-10
Кавадарци-10
Штип -10
Кочани -13
Делчево -10
Мак. Каменица- 10
Виница -10
Радовиш-10















