Македонска Заедница Обединето Кралство
MK Zaednica logo
Македонска Заедница Обединето Кралство

Соопштенија

Фудбалски натпревар Англија – Македонија 19ти Јуни 2023

Почитувани,

Информираме дека продажбата на билетите за фудбалскиот натпревар Англија – Македонија што ќе се одржи на 19 јуни 2023 во Манчестер, Обединетото Кралство, ќе започне на 10 мај 2023, во 10.00 часот наутро на линкот на Англиската федерација подолу.

Повеќе детали за настанот се објавени на веб страната на ФФМ (линк подолу)
фудбал

Бесплатна настава за изучување на Македонскиот Јазик

Драги Македонци, Македонската Заедница во Обединетото Кралство организира онлајн настава за изучување на македонскиот јазик за деца, преку платформата ЗООМ со професори и наставници од Македонија.

Наставата е БЕСПЛАТНА и трае 45 минути а распоредот на часовите е следен:

ПОЧЕТНО НИВО - тука се изучува азбуката, фрази, зборови на одредени теми.
Часовите се понеделник и среда од 17.15часот по британско време.

СРЕДНО НИВО – тука се изучува основна граматика на времиња и видови на зборови во реченица, како и читање и зборување на одредени теми,
Часовите се понеделник и среда од 18.00часот по британско време.

ВИСОКО НИВО - дискусии на различни теми, покомплексни граматички конструкции,
Часовите се среда 18.45 и петок од 16.00часот по британско време.

Сите родители кои се заинтересирани нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик, без разлика на кое ниво можете да не контактирате на следнава имеил адреса info@macedoniancommunity.co.uk или пополнете ја формата подолу.

Декларација МПЦ-ОА

Македонската Заедница во Обединетото Кралство дава целосна поддршка за потпишување на Декларацијата за зачувување на името на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.

Пожелно е секој да ја потпише декларацијата која ќе биде доставена до синодот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) и со тоа да им дадеме подршка и на знаење дека Македонците ширум светот стојат на браникот на одбрана на името, статутот и достоинството на МПЦ-ОА.

Симнете ја Декларацијата за МПЦ-ОА подолу, пополнете ја со адресата каде што живеете во Британија и испратете ја на следнава адреса:
Macedonian Community
124 City Road
London
EC1V 2NX
  • Историја
  • Култура
  • Спорт
  • Здравје
Macedonian Community
124 City Road
London
EC1V 2NX
  • Образование
  • Македонија
  • За Нас
  • Настани
Copyright 2023 - Macedonian Community - All Rights Reserved