


Изучување на Македонски Јазик


Наставата е БЕСПЛАТНА и трае 45 минути а распоредот на часовите е следен:
ПОЧЕТНО НИВО - тука се изучува азбуката, фрази, зборови на одредени теми.
Часовите се понеделник и среда од 17.15часот по британско време.
СРЕДНО НИВО – тука се изучува основна граматика на времиња и видови на зборови во реченица, како и читање и зборување на одредени теми,
Часовите се понеделник и среда од 18.00часот по британско време.
ВИСОКО НИВО - дискусии на различни теми, покомплексни граматички конструкции,
Часовите се среда 18.45 и петок од 16.00часот по британско време.
Сите родители кои се заинтересирани нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик, без разлика на кое ниво можете да не контактирате на следнава имеил адреса info@macedoniancommunity.co.uk или пополнете ја формата подолу и пишете со кое ниво сакате да почнете.
Ќе ни биде чест доколку и Вие ни се приклучите.
Од Тимот на Македонската Заедница во Обединетото Кралство
Контактирајте не преку формата подолу
- Историја
- Култура
- Спорт
- Здравје
124 City Road
London
EC1V 2NX
- Образование
- Македонија
- За Нас
- Настани